Нов серијал на You tube за македонски јазик на Марија Лозаноска!

8 јуни, 20200
марија

За Влатко Лозаноски знаеме сите- неговите песни се вистински хитови кои ги пеат и млади и стари. Особено во изминативе неколку години  Влатко успеа да се докаже како сериозен артист со вистински квалитети.

Но она што е за поздрав и почит е работата на неговата сестра- Марија Лозаноска.

Како и Влатко и Марија е надарена со уметничка жичка; и таа знае да пее убаво, изработува накит и е писателка.

Но она што е многу поважно е тоа што Марија упорно се бори за зачувување на македонскиот јазик и писмо.

Па така, таа го снимаше своето прво видео од серијалот посветен  на македонскиот правопис.

Во првиот дел се зборува за најчестите грешки со кои се соочуваме во правописот.

Ако се земе предвид загрижувачката статистика дека младите сè помалку го знаат стандардниот македонски јазик, како и намалената желба за класичен начин на изучување на истиот, ова е навистина интересен и корисен начин за доближување на јазикот кон младите и кон сите оние кои сакаат правилно да го научат нашиот литературен јазик и правопис.

Огромно браво и поддршка за Марија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi