Нов удар за ријалити ѕвездата Кајли Џенер, којашто неодамна остана без титулата “најмлада милијардерка во светот” – пристигна тужба на нејзина адреса!

2 јули, 20200
72074386-767496530359264-3130517268581114637-n_5yQR6wd

 Нејзиниот бренд за убавина, Кинг Кајли, е еден од трите компании коишто ја тужат Seed Beauty, компанијата со која Кајли е во деловна активност од 2016 година, пишува Mirror. Во документите што ги виделe британските медиуми, Seed Beauty,  тврди дека договорот меѓу Кајли и гигантот за козметика, Coty, на кого му продаде 51% од акциите за 600 милиони долари, подразбира дека Coty дознава за деловните трикови на Seed Beauty.

Целта на оваа тужба е да се запре кражбата на Coty од пионерскиот и комерцијален дигитален прв бизнис модел што ја револуционизираше козметичката индустрија, според документите поднесени до Врховниот суд во Калифорнија.

Кајли сè уште не го искоментирa случајот. Потсетуваме, по фалсификувањето на податоците за нејзиното богатство, остана без титулата најмлада милијардерка во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi