Новак и Јелена Ѓоковиќ позитивни на Коронавирус, а тестирани се и нивните деца

23 јуни, 2020
profimedia-0391627992

По Борна Чориќ, бугарскиот тенисер Григор Димитров и српскиот тенисер Виктор Троицки и неговата бремена сопруга Александра, првиот светски тенисер, 33-годишниот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, исто така, се позитивни на Коронавирусот. Сите заразени спортисти учествуваа на неодамна одржаниот турнир, Адрија, кој се играше во Задар.

Веднаш по неговото враќање во Белград, тенисерот беше тестиран. За жал, наодите се позитивни и за неговата сопруга Јелена, пишуваат споменатите медиуми. Тестирани се и нивните деца, петгодишниот Стефан и двегодишната Тара, но нивните резултати, пишуваат истите медиуми, се негативни. Веста за заразата ја потврди самиот Новак. – „Веднаш по пристигнувањето во Белград, отидовме на тестирање. Резултатот на мојот и Јелена е позитивен. Децата се негативни“, рече Новак и продолжи:

“Сè што направивме во изминатиот месец, направивем со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер и со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им обезбедиме подобри услови за игра и на тој начин полесно да го надминат овој тежок период. Во исто време, сакавме да испратиме пораки на солидарност и почит, фер игра”