Новак конечно откри: Еве зошто Џоковиќ после натпреварот и испраќа љубов на публиката

5 мај, 20200
новак 1

Најдобриот светски тенисер, Новак Џоковиќ, за време на разговорот со докторот и пријател Жарко Илиќ допре некои работи и настани за кои не беше горд.

– Кога се однесувам грдо, пцујам или кршам рекет, многу брзо после тоа го чувствувам тој момент и сфаќам дека тоа нешто е погрешно, дека не е добар пример за младите, спортистите кои ме гледаат. Јас го носев тоа како програм во себе, секогаш кога некој ќе каже нешто или ќе гледам реприза на која фрлам рекет, ми се појавуваат критики за самиот себе. Потоа, во еден специфичен пример, научив како да се справам во таквите ситуации, а тоа е прифаќањето. Како да ја прифатите едноставната ситуација, дека се наоѓате во ситуација кога сте изреагирале  како што не сте сакале и сте повредиле некого. Прифатете го и продолжете понатаму и обидете се да научите нешто од тоа и да си кажете извини себеси и на лицето што сте го повредиле – рече Џоковиќ.

Џоковиќ вели дека луѓето честопати му поставуваат прашања во врска со ритуалите после натпреварот кога тој „испраќа љубов“ на публиката.

– Неколку пати имав прашање: Ти играш против најголемите ривали, на најголемите стадиони и сите навиваат против тебе и ти покрај сето ова го одржуваш ритуалот и испраќаш љубов, им се насмевнуваш на сите после натпреварот? Јас чувствувам дека ова го правам токму заради мојата работа и сопствената трансформација и претварање на сите оние негативни емоции што сум ги доживеал, во позитивни – истакна Џоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi