НОВАТА ЅВЕЗДА НА ИНСТАГРАМ: Тој ги сруши сите рекорди, а на профилот има само една слика која ги разнежни сите!

18 ноември, 2020
784032-instagram-voveduva-nova-opcija-mnogu-od-korisnicite-ke-se-izraduvaat

Руперт Гринт, актер кој со години го играше омилениот лик од серијата Хари Потер, Рон Визли, неодамна се приклучи на Инстаграм. Светските sвезди се доста активни на таа социјална мрежа и се чини дека Гринт пробува да биде што е можно поактивен. Досега тој има објавено дури три публикации, од кои првата е најзначајна.

Имено, Гринт како прва објава на неговиот профил беше симпатичната фотографија со својата мала ќерка Венсдеј, родена пред неколку месеци.
На таа објава му искоментира колегата од сетот Хари Потер, Том Фелтон, кој со години го играше лошото момче, Драко Малфој.

„Добредојде, Визли, време е. Целата моја љубов оди за Венсдеј“, напиша Том.

Но, она што е значајно за овој профил е дека тој е најбрзиот досега што собрал милион следбеници. Поминаа само четири часа и една минута кога Гринт го сними милионитиот следбеник и со тоа обори претходниот рекордер, 94-годишниот Дејвид Атенборо.

escort - Korsan taksi