НОВИ ДЕТАЛИ за романсата на Бред Пит и Лејди Гага: Има ли нешто повеќе од пријателство?

9 декември, 2020
bradxgaga (1)

Последните недели се ширеа гласини во странските медиуми дека холивудското дуо, 34-годишната Лејди Гага и 56-годишниот актер Бред Пит ги поврзува не само пријателство, а новите детали за оваа наводна романса сега ги носи порталот Gossip Cop.

Brad Pitt


Списанието National Enquirer неодамна објави дека Лејди Гага и Бред се заљубиле додека се подготвувале за нов проект – филмот Bullet Train ’кој се снима во Јапонија. Исто така, дуото наскоро треба да се упати кон Јапонија за да види дали може да ја пренесат хемијата што ја имаат во реалниот живот на филмското платно.

lady gaga

Сепак, како што сега пишува „Gossip Cop“, порталот разговарал со извори блиски до главните протагонисти на оваа приказна и тие целосно ги демантирале гласините дека помеѓу пејачката и актерот се случува нешто повеќе од пријателство и деловна соработка.