НОВИ ОБВИНУВАЊА- Елен Деџенерис психички ја злоупотребува својата сопруга!

10 декември, 2020
120203254_252474159423293_8734815693835397928_n-1-

„Целиот гнев го истура врз неа“

Пред неколку месеци, животот на некогаш популарната, а сега една од најомразените луѓе во Холивуд, 62-годишната Елен Деџенерис, отиде во надолен правец. Имено, во тоа време во јавноста излегоа обвинувања за токсична работна атмосфера и мобинг на снимањето на „The Ellen De Generes Show“, поради што водителката беше нападната од поранешните вработени, но и од јавноста, која ја бојкотираше нејзината емисија. Сето ова имаше исклучително лош ефект врз една од најпознатите лезбејки, која според „New Idea“ сега ги исфрла сите свои фрустрации и гнев врз својата сопруга, 47-годишната актерка Портија де Роси.

Имено, рејтингот на нејзиното некогаш популарно шоу од епизода во епизода се намалува, поради што Елен се плаши дека шоуто може да се откаже. Иако го одржува имиџот на мирна и компонирана личност во јавноста која не е загрижена од критичарите, зад затворени врати Елен ги покажува своите вистински емоции, а токму сопругата страда поради сè.

„Елен е во голема паника. Навикнала нејзиното шоу да биде едно од најгледаните, така што ова е сосема друг свет за неа. Таа е вознемирена, анксиозна и „на работ“ на нервен слом. Сиротата Портија го носи целиот товар на тоа “, започна извор близок до парот за споменатиот таблоид.

„Целиот гнев се слева врз неа. Минатата недела имаа страшна расправија кога Портија ја избрка Елен од состанокот. Елен не престана да „мрчи“ и ја натера Портија да вози побрзо. На Портија ѝ беше доста од сѐ, го запре автомобилот и ѝ се закани на Елен дека ќе мора да оди со Убер ако не ѝ слезе од грбот’, вели изворот.