Обиди за самоубиство и ментални кризи: принцовите Хари и Вилијам извадени од памет од новиот документарен филм за Дајана!

5 мај, 2020
ди 2

Наскоро ќе биде објавен нов документарен филм за покојната Лејди Ди, а тој ќе потсети на детали од нејзиниот живот за кои кралското семејство не сака да се сеќава…

Во документарниот филм ќе се изнесат вознемирувачки тврдења дека Лејди Ди се обидела да си го одземе животот дури четири пати, а зборува и за нејзиното пореметување во исхраната, менталните кризи, мачното детство и несреќниот брак со Чарлс. Исто така, се следи и нејзината внатрешна борба по одлуките да се разведе.

Во план се четири продолженија, а во филмот наводно има досега необјавени снимки од 1990-1992 година.

Интересно е што ниту нејзиното , ниту кралското семејство не учествуваат во снимањето на филмот, а одбиле да зборуваат за било што.

Анонимен извор близок до семејството истакнал дека Вилијам и Хари биле многу вознемирени.

Оваа одлука на продукциската куќа Netflix ја става под прашалник соработката со перинцот Хари и Меган Маркл, кои воделе активни преговори околу следните проекти.