Обожавателите поделени: Ким Кардашијан ги истакна своите атрибути во екстравагантен стајлинг (ФОТО)

26 декември, 2020
1375211

Риалити sвездата и претприемачка Ким Кардашијан Вест е владетел на социјалните мрежи каде има растечка армија обожаватели

Ким Кардашијан (40) која се прослави во реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ за своето големо семејство, е многу активна на Instagram каде нејзините верни „следбеници“ одат по нејзините стапки.

Секој ден им дава увид во секојдневниот живот исполнет со неверојатен луксуз, а сега предизвика збунетост објавувајќи во необична креација, топ во облик на оклоп што го носеле античките Римјани со јасно дефинирани стомачни мускули и прекрасно зелено здолниште со голем шлиц.

Малку бизарен изглед, Ким го надополни со ПВЦ потпетици со потписот на познатата дизајнерка Амина Муади.

Станува збор за креација со потпис на модната куќа Schiaparelli, а фановите беа поделени.

Сопругата на музичарот, продуцент и дизајнер Кание Вест, со кого има четири деца, на свој начин посака среќен Божиќ, а не изостанаа ниту реакциите на обожавателите на нејзиниот некако бизарен стајлинг.

„Како може фустанот да биде толку глупав“, напиша еден обожавател.

„Нека ѝ каже некој дека е Божиќ, а не Ноќ на вештеркит“, ѝ напиша друг.

Други ја споредувале со Халк или популарните нинџа желки, а за некои изгледала како грчка божица.

Како и да е, Ким собра повеќе од 2 милиони лајкови за овој необичен стајлинг за помалку од 10 часа.

Инаку, како што беше претходно најавено, реалното шоу за Кардашијан ќе престане да се емитува во 2021 година.

„Порака до нашите неверојатни обожаватели – со тешко срце треба да ви кажеме дека донесовме тешка одлука како семејство и сфативме дека е време да се збогуваме со „Keeping Up with the Kardashians“. По скоро 14 години и 20 сезони, стотици епизоди и безброј спин-оф шоуа, не можеме да ја скриеме нашата благодарност за сите што нè следевте низ сите овие години – низ убави времиња, но и лоши, низ среќа, тага, многу љубовни односи, врски и деца. Засекогаш ќе ги цениме и негуваме тие прекрасни спомени и неверојатни луѓе што ги сретнавме на патот. Ви благодарам на сите вас поединци, но исто така и на сите со кои работевме деловно и го искусивме ова искуство, а најмногу благодарам на Рајан Сикрест што веруваше во нас, Канал Е! кој реши да биде наш партнер и тим за производство на Буним / Мареј кои поминаа безброј часови во документирање на нашите животи. Нашата последна снимена сезона ќе се емитува на почетокот на 2021 година “, стои во изјавата потпишана од Крис Џенер, Куртни Кардашијан, Ким Кардашијан, Клое Кардашијан, Роб Кардашијан, Кендал Џенер, Кајли Џенер и Скот Дисик, која потоа ја објавија на нивниот Instagram профили.