Од просечен живот до милијардерка – животната приказна на Славица Радиќ

18 мај, 20200
136772_berniislavicaeklstonprofimedia1473370261987505_ff

Формула 1 трката во Монца во 1981 година била пресудна за иднината на Славица која тогаш имала 23 години.

Ќерката на Јове Радиќ и Љубица Малиќ денес е една од најбогатите жени на светот чија вредност се проценува на 1,2 милијарди долари. Во детството имала помалку од нејзините врсници бидејќи потекнувала од многуѕчлено семејство на кое секогаш му недостигале средства особено после разводот на нејзините родители. Славица дури еднаш била и осомничена за изчезнувањето на некој новчаник. Поради овиу услови морала рано да се осамостои, а како што раскажала школото не ја интересирало многу за разлика од ракометот и одбојката.

Почнала да се занимава со манекенство, а во осумдесетите години се начла и на средните страни на тогашниот магазин „Старт“.

Но сепак пресуден момент за нејзиниот живот била формула 1 трката во Монца во 1981 кога организаторите на трката ја ангажирале да го рекламира спортскиот бренд за облека „Фила“. Додека во себе ја прокулнувала трката и жешкото време не била ни свесна дека во тој момент кон неа се свртени очите на еден од главните организатори на целиот тој спектакл односно идниот сопственикот на Формула 1 Берни Еклстон, а тогашен газда на тркачкиот тимот „Брабхам“ за кого возеле едни од најславните возачи во историјата на Формула 1.

„Одвај чекав да заврши тој циркус и да седнам негде и да запалам цигара. Штом ме виде ме покани во својот „мото-хотел“, негова подвижна канцеларија – тимскиот автобус. Ме повика на пијалок но не можевме многу да разговараме бидејќи јас не знаев англиски, а тој не знаеше англиски. Му го оставив мојот телефонски број но погрешен. Но сепак успеал некако да се снајде и после неколку дена ми се јави“ – им раскажала Славица на новинарите во ’90-тите. По стапувањето во брак таа се преселила да живеат во Лондон, во облакодер на 9 ката во близина на Хајд Парк во сопственост на арапсиот магнат Касшоги.

„Се беше од стакло, а првите четири ката Берни ги имаше направено канцеларии, а нашиот стан се наоѓаше на останатите 5 ката, а на задниот кат имавме и базен“ – се фалела тогаш иако набрзо сфатила дека такво чивеење имало и маана бидејќи на спратовите ги среќавала бизнис патнерите на својот сопруг и поради тоа не можела да носи едноставна облека па дури ни кога ги носела децата во парк

Во 2008 година нивниот брак бил пред распад, откако британските медиуми објавиле дека Славица, која тогаш имала 50 години, се отселила од семејниот дом вреден 10 милиони фунти и најмила адвокат. Берни ги демантирал приказните во новините, тврдејќи дека се преселила привремено бидејќи не можеда да ја трпи буката која доаѓала од соседната куќа која се реновирала тој период. Како причина за разводот таа ја навела посветтеноста на Берни кон работата и дека се изгубил смисолот на брачен живот. „Што корист имам од него? Доаѓа од работа после 8 часот, вечера и си легнува. Дури и кога е на одмор не може две минути да седи мирен. Освен работата не го интересира ништо друго, нема хоби а другите луќе ги смета за досадни.“- рекла Славица која чекала да и пораснат ќерките и да се осамостојат за да може и она конечно да го живее својот живот.

Судскиот процес на 10 март 2009 година траел точно 59 секунди, колку што му требало на судијата да го прочита договорот и да донесе одлука. Инаку според тој договор на Славица и припаднале недвишности во вредност од повеќе од милијарда долари како и акции во компаниите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi