Одговори бараат од мртвите: како несреќите го шират лудилото за спиритуализам?

11 мај, 20200
гатач

Најпознатите заговарачи на спиритуализмот биле Британците Артур Конан Дојл, кој е креатор на прочуениот Шерлок Холмс и Сер Оливер Лоџ. Лоџ бил познат физичар, прочуен по радио брановите. И двајцата ги изгубиле синовите во Првата Светска Војна, па верувале во натприродни работи.

По војната тие држеле предавања ширум САД на кои ги опишувале своите искуства. И Лоџ и Дојл барале видовити луѓе преку кои ќе се поврзат со нивните синови.

Во тоа време јасновидците правеле вистински спектакли. Паѓале во транс а нивната рака го запишувала она што мртвите им го порачуваат на своите најмили, или раката им летала по таблата со букви и така би се испишувале пораките кои мртвите ги праќаат од оној свет. Имало и такви кои сосема го напуштале своето тело, па од нивната уста зборувале мртвите. Лоџ тврдел дека во една таква прилика разговарал со синот. И Артур тврдел дека воспоставил контакт со синот, кој бил задоволен иако бил умрен.

И додека Лоџ и Дојл делувале искрено во своите искази, имало и многу јасновидци кои се богателе на маката на ожалостените семејства.

Ова многу го погодило Хари Худини, познатиот уметник на бегството, кој успешно избегал од служење во Првата Светска Војна, како и пандемијата од грип. Иако му бил пријател на Дојл, Худини со своите длабоки познавања на магични трикови бил природен скептик за спиритуализмот. Додека Дојл барал видовити луѓе, Худини ги разобличувал нивните измами. Подоцна Худини бил повикан и да сведочи против гатачите и видовитите луѓе, бидејќи биле забранети во Вашингтон.

Интересот за гатачи и видовити луѓе бил голем сè до Втората Светска Војна, но не можеме да кажеме дека и денес нема интерес за спиритуализам, иако е 21 век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi