Одмазда за Бред Пит за врската со прекрасната германка: Анџелина Џоли во врска со познат актер

17 ноември, 2020
profimedia-0265061050

Актерката Анџелина Џоли е официјално соло откако се разведе од 56-годишниот оскаровец Бред Пит пред четири години. Но, тој неодамна ја налути и повреди кога ја донесе својата нова, сега веќе поранешна девојка, 29-годишната германска манекенка Никол Потуралски, во замокот во Франција каде се ожени со Анџелина, на годишнината од нивната венчавка. Никој затоа не беше изненаден што 45-годишната Џоли реши да му се одмазди на Бред на ист начин, со некогаш популарниот актер, 68-годишниот Мики Рурк. Наводно, двајцата биле „фатени“ како се бакнуваат, пишува магазинот „Нова идеја“.

Mickey Rourke na Bevery Hillsu


Дека Анџелина конечно одлучи дека веќе и е доста од солирање и дека е време повторно да му се даде шанса на машкиот пол, потврди и анонимен извор кој е близок со неа и кој бил сведок на нивната средба.

Иако Мики не е нејзин тип на маж, таа смета дека ја пронашла вистинската личност во него . Со оглед на тоа што тој е постар од неа и дека според многумина го изобличил својот изглед со пластична операција, тој не бил првиот избор на Анџелина за „излегување“, објасни тој. ‘Со оглед на тоа што повеќето актери на нејзина возраст се во врска или брак, таа мораше да бара подалеку. Иако Мики не е нејзин тип на човек, тој смета дека ја пронашла вистинската личност во него, барем за нејзините планови за одмазда за Бред ‘, рекол изворот и потсетил дека Бред и Мики се пријатели многу години, и дека Бред сигурно ќе се „разболи“ ако слушне дека е во врска со Анџелина

Brad Pitt