Омилени „гњаваторки“ :) Седум причини зошто е супер да имате помала сестра!

3 мај, 20200
Naslovna

Врската помеѓу сестрите е навистина посебна, без оглед на возраста. Нема крај на дебатата дали е подобро да се биде помлада или постара сестра. Сепак, сите постари сестри ќе се согласат дека и покрај сите вообичаени сестрински расправии, нивните помлади сестри се омилени и се вистински благослов.

1. Стануваме поодговорни со нив. Постарата сестра често ја игра улогата на мајка. Таа мора да се погрижи помладата сестра да стане, да се подготви за училиште, да ги одработи своите обврски … Ова е она што на крајот предизвикува постарата сестра да има чувство на одговорност што веројатно не би го добила толку рано ако нема за кој да се грижи.

2. Мали ноќни разговори. Речиси и да нема сестри кои не делеле просторија во еден период од животот. Постарите сестри секогаш се жалат на недостаток на приватност и простор, но не и за оние тивки ноќни разговори што се случуваат кога некоја од нив не може да заспие.

3. Вашите пријатели ја обожаваат. Можеби не сте биле толку задоволни што ви украла нешто од вашиот плакар, но вашите пријателите ја обожаваа вашата помлада сестра. Тие имаат единствена можност да вовлечат под вашата кожа на вашите пријатели и редовно да се мешаат да ви сметаат за време на заедничките дружења.

4. Таа ти верува. Годините носат искуство со нив и затоа секогаш сте подготвени да ја предупредите својата помлада сестра да не оди на погрешен пат. Ќе дадете се од себе да не ги повторува грешките што сте ги направиле, ќе и дадете совет во вистинско време, а таа ќе го послуша тоа затоа што таа ви верува.

5. Интерни шеги. Некои работи што се забавни за вас две никој друг нема да ги разбере. Ќе ве погледнат и ќе се чудат додека ги раскажувате вашите меѓусебни шеги, држејќи се за стомакот со смеа. Едноставно не можат да дознаат за што станува збор – тоа ви е јасно само вам.

6. Таа е изговор за сè. Колку пати ви дозволиле да одите некаде, под услов и вашата помлада сестра да оди со вас? Се разбира, секогаш сте се согласувале со тоа. Понекогаш можеби сте ја оставале сестрата на некого да ја причува, но секако, вашите родители дури и ден денес не знаат за тоа.

7. Никогаш не те заборава. Без оглед колку далеку сте поради обврски и различен начин на живот, без оглед колку нови пријатели ќе стекнете, вашата помлада сестра никогаш не заборава на својата прва вистинска пријателка – вие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi