Орландо Блум го чека раѓањето на ќеркичката: Сакам моменти каде целиот свет спие, а ти бебе на моите раце…

5 јули, 20200
Orlando Bloom

– Се радувам на оние долги ноќи каде веројатно ќе морам да станувам и да го хранам бебето со млеко од шишенце, бидејќи сигурно нема да дојам- изјави Блум

Американскиот глумец, Орландо Блум (43) и неговата вереница, пејачката Кети Пери (35) бројат ситни часа до моментот каде ќе станат родители.

Орландо од предходниот брак со менекенката, Мирана Кер го има синот Фин, додека со Кети, со која ќе има прво дете, ќе добие ќерка. Глумецот изјави дека е спремен за доаѓањето на свет на неговата ќерка , и дека е возбуден за периодот кој следи.

– Возбуден сум. Тоа е магично време кога ангелот ќе дојде на планетата, бидејќи е такво чувството. За мене, тие мирни моменти во домот, кога си со семејствотот и бебето, се грижиш и гледш колку можеш да помогнеш, и што можеш да направиш за тој мал живот. – изјави глумецот со насмевка на лицето во емисијата “Good Morning America”.

Блум призна дека однапред се радува на неспиените ноќи кои го чекаат , бидејќи веројатно ќе треба да станува во касните часови за да и помогне на пејачката.

– Се радувам на оние многу долги ноќи каде најверојатно мора да станувам и да го хранам со млеко од шишенце, бидејќи неможам да го дојам. Се радувам на тоа бидејќи ги сакам мирните моменти, цел свет да спие, а ти бебенце на раце да ми спиеш- во смеа кажа глумецот.

Холивудкиот пар сеуште не објави точен датум кога пејачката треба да се породи, но познато е дека таа е во третото тромесечије од бременоста. Иако Кети неодамна призна дек хормоните, за време на бременоста, но и карантинот влијаат на нејзините нагли промени на расположението, но глумецот сепак ја пофали.

– Освен големиот стомак, немаше да знаете дека е бремена. Таа е чудо на природата, очиглено, како што знаеме сите. Но ова беше навистина импресивно- изјави идниот татко.

Orlando Bloom and Katy Perry's Relationship Timeline

Потсеќаме, пејачката, информацијата дека е бремена ја сподели со целиот свет, на 5 март, кога го објави спотот за новата песна Never Worn White.

Кети и Орландо се заедно од 2016 година. За нејзината бременост почна да се зборува на крајот на август во 2019 година, кога се појави на премиерата на серијата “Carnival Row” на кој беше во друштво со Блум. Тогаш сите го приметија стомачето кој ѕиркаше, но коментари од пејачката и глумецот немаше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi