Оскаровецот ѝ прости на мајка си за предавство: „Таа им покажа на новинарите каде ја изгубив невиноста“

17 ноември, 2020
b97944c6-d976-4dc6-964c-8395379059d8

По објавувањето на неговите мемоари Greenlights, Метју Меконахи (51) и неговата мајка Кеј (88) го дадоа своето прво заедничко интервју.

Нивниот однос беше затегнат во последниве години, а тие зборуваа за нивното помирување на подкастот на Red Table Talk, воден од Џејда Пинкет Смит, Вилоу Смит и Адриен Банфилд-Норис.

Познатиот добитник на Оскар ја повреди мајката кога на медиумите им откри детали од нивните приватни разговори и ги водеше телевизиските екипи околу семејната куќа и им покажа каде нејзиниот син ја изгубил невиноста.

Минатиот месец, радио водителот Хауард Стерн го праша дали престанал да зборува со неговата мајка после тоа, а Меконахи одговори дека тие години биле тешки.

Тој додаде дека ѝ простил со текот на времето, а во моментов Кеј, додека трае пандемијата на коронавирусот, живее во истиот дом со синот, сопругата Камила Алвеш и нивните деца Леви (12), Вид (10) и Ливингстон (7).

„Тешко беше осум години, но помина и сега сме на другата страна. Сè е во ред“, рече тој и додаде дека повеќе нема проблеми меѓу нив.

Кеј и покојниот татко на актерот Џејмс се венчаа три пати и се разведоа двапати. Во мемоарите на Меконахи пишува дека тој бил непланирано бебе. Неговата мајка беше убедена дека има тумор сè додека во петтиот месец од бременоста не откри дека ќе стане мајка. Кога се родил актерот, неговиот татко отишол да се опие затоа што мислел дека тоа не е неговиот син. Меконахи го нарекол својот татко „човек од мечка“ кој влевал страв во него и неговите браќа.

Тој додаде дека тој и неговите браќа не можеле да бидат блиски со нивниот татко се додека не му го покажале својот алфа машки статус, па актерот го претепал исфрлачот кој го допрел неговиот татко, пишува Daily Mail.

Џејмс почина во 1992 година на 64-годишна возраст, а Меконахи откри во своите мемоари дека тоа се случило за време на секс со жена му.