Откако доби коментар дека е како нилски коњ, Нивес Целзиус се пресмета со хејтерите!

13 мај, 2020
нивес 5

Се чини дека изолацијата совршено и одговара на хрватскта старлета која во неколку наврати се пофалила дека има време да се посвети на децата и на домашните обврски. Секако, не ги заборава ниту верните фанови.

Таа објавила фотографии на кои вежба и држи тегови, а потоа и видео на кое танцува.

-Пак си се згоила како нилски коњ- искоментирал некој хејтер, а Целзиус се изнервирала, па му вратила.  

– Пак си без фантазија. Па и децата од градинка имаат повеќе фантазија. Еден те влече за коса, дриг ти прави сопка, трет ти лепи мастика за столица, а ти ете, секој пат истото го пишуваш- му одговорила Нивес.