Откако поднесоа тужба, Меган и Хари се одлучија за голема животна промена!

13 август, 2020
британија

Принцот Хари и неговата сопруга Меган го купија и се вселија во новиот дом во Санта Барбара, скап крајбрежен град северно од Лос Анџелес.

Војводата и војвотката од Сасекс кои минатата година ја напуштија британската кралска должност претходно живееја во родниот град на Меган, Лос Анџелес, каде набрзо навлегоа во судски спор заради недозволени фотографии од нивниот син Арчи.

epa08597184 Copies of the book “Finding Freedom:Harry and Meghan and the Making of a Modern family” by Omid Scobie and Carolyn Durand are displayed for sale at a bookstore in London, Britain 11 August 2020. Finding Freedom is a biography of Prince Harry and Meghan Markle, the Duke and Duchess of Sussex promising reactions about Britain’s Royal family. The book is released on 11 August 2020. EPA/NEIL HALL

Според медиумите, нивната нова куќа е во исто место каде што живее и Опра Винфри и Елен ДеЏенерис. Имотот вклучува куќа со девет спални соби и околу 16 тоалети, базен, игралиште и градина со ружи. Чини 14,65 милиони долари.

Неименувани извори откриле дека тие двајцата сакаат на тоа место да го одгледуваат нивниот син Арчи и дека никогаш немале желба да живеат во Лос Анџелес.

Кога во јули поднеле тужба против папараци тие дознале дека некој ги препродава фотографиите од нивниот 14 месечен син Арчи кои се направени кога неодамна се појавиле во Малибу.

Фотографиите се направени додека биле во сопствениот дом и без нивно знаење, се вели во тужбата.

Војводата и војвотката од Сасекс се преселиле во Калифорнија од Канада, откако објавија дека ја напуштаат кралската должност и Британија и со сопствен труд ќе стекнат финансиска независност.

Маркл и Хари изјавиле дека во Калифорнија сакаат да работат нешто што е важно и има смисла и дека сакаат да основаат непрофитна организација Archewell.