Oткриена бизарна навика на Принцот Чарлс: Не можете ниту да претпоставите за што станува збор

27 јуни, 20200
profimedia-0233176030

Британскиот принц и наследник на престолот, 71-годишниот Чарлс, како и другите членови на кралското семејство, привлекуваат многу внимание во јавноста со секој потег. Затоа неговата необична навика не помина незабележано. Имено, Чарлс, познат и како голем еколог, секој пат кога ќе засади дрво, со него и се ракува – пишува порталот Нова идеја.

Овој монарх, познат како голем љубител на природата, честопати се смета за почесен гостин на бројни церемонии, на кои тој често сади растенија, вклучително и дрвја. Сепак, истражувачите од британскиот квиз шоу „QI“ забележале дека принцот има една бизарна навика. Имено, тој се ракува со секое дрво што го сади, за да, како што тврди, му посака се најдобро.


Покрај тоа, самиот Чарлс неодамна призна дека, покрај тоа што се ракува, тој разговара и со растенијата. “Само им пристапувам и почнувам да зборувам со растенијата. Навистина, многу е важно да разговарате со нив и тие секогаш одговараат” – вели принцот, кој неодамна призна дека сега, откако го надминал Коронавирусот, тој е порешителен од кога и да е во намерата да ја спаси планетата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi