Откриена е лудата цифра, која синот на Бекам ја дал за вереничкиот прстен

12 јули, 20200
Annotation 2020-07-12 151339

Бруклин воопшто не жали за парите

Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам (21), се вери со својата девојка Никола Пелк, а неговата горда мајка ја извести јавноста за тоа на својот профил на Инстаграм.

Викторија објави фотографија на која се бакнуваат Бруклин и Никол, а на нејзината рака блеска скапоцен прстен со дијаманти.

Според некои експерти, младиот Бекам потрошил неверојатни 200.000 долари за вереничкиот прстен.

– Прстенот на Никол изгледа како смарагден дијамант од 4,5 до 5 карати во класичен пасијанс – рече еден експерт за накит за „Mirror“.

– Би проценил дека вредноста на прстенот е околу 150.000 – 200.000 долари. Овој безвременски стил е омилен кај славните. Kaj Џeнифер Лопез, Амал Клуни и Џенифер Лоренс., Тие носат веренички прстени со смарагд – Тврди овој експерт.

Голем обожавател на споменатиот прстен е и мајката на Бруклин, Викторија, која поседува неколку од нив во нејзината колекција.

Патем, Никол е ќерка на американскиот милијардер Нелсон Пелк, а неговото богатство е проценето на 1,3 милијарди британски фунти и е многу поголемо од богатството на Бекам, кое беше проценето на „само“ 350 милиони фунти минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *