Откриена е најголемата желба на актерот Драган Николиќ пред смртта!

18 мај, 2020
драган

Последната желба на легендарниот актер Драган Николоќ му била да го запознае Новак Ѓоковиќ, открива тенискиот експерт Радмило Арменулиќ.

Желбата не му се исполнила, иако неговата сопруга, актерката Милена Дравиќ непосредно пред смртта разговарала по телефон со Новак повеќе од еден час и договарала изненадување за Драган. По неполни три години и таа почина.

Иако сакал да го запознае Новак и тоа му била голема желба, Драган не успеал, бидејќи кога паднал во кома, не препознавал луѓе повеќе.