ОТКРИЕНА е тајната на Викторија и Дејвид Бекам која ја криеја од цел свет!

9 септември, 2020
profimedia-0419055284

Како „гром од ведро небо“

Поранешната ‘Спајс девојка’ и модена дизајнерка, 46-годишната Викторија и нејзиниот помлад сопруг, 45-годишниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам, се едни од најпопуларните парови во светот, а јавноста го следи секој нивен чекор и детал од приватниот живот.

Затоа, многумина не беа ни малку изненадени кога сега протекоа вестите за тоа како парот е заразен со корона вирус и тие успешно ја криеја тајната од светот скоро половина година, пишува The Sun.

Имено, Викторија и Дејвид наводно се заразиле со корона вирус на 1 март за време на патувањето во Америка, а неколку дена подоцна тие го прославиле роденденот на нивниот син Бруклин. Прво Дејвид започна да се чувствува лошо, а потоа и Викторија, по што добија позитивни резултати.

View this post on Instagram

Kisses @davidbeckham, I love u 💕

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

„Тоа беше вистински кошмар. Дејвид отиде во Америка да преземе некои обврски поврзани со неговиот клуб Интер Мајами, а Викторија и семејството отидоа со него. Тие беа на неколку настани каде Дејвид имаше промотивни должности, се ракуваше и се бакнуваше со навивачите на клубот, откри неименуван извор близок до семејството.

Кога се вратија во Велика Британија, по 21-от роденден на Бруклин, Дејвид се чувствувал лошо, а потоа Викторија имаше болки во грлото и висока температура.

‘Во исто време, неколкумина нивни вработени, вклучувајќи возачи, чувари и помошници, почнаа да се чувствуваат лошо. Викторија во паника нареди на целото семејство да се стави во карантин повеќе од две недели. Таа се плашеше дека ќе се прошири и стори сè за да го намали тој ризик ‘, додава изворот.

Да се потсетиме, двојката се венчаше во 1999 година, а во меѓувреме добија четири деца, 21-годишниот Бруклин, 17-годишниот Ромео, 15-годишниот Круз и деветгодишната Харпер Севен, а до неодамна функционираа добро. Многумина претпоставуваат дека брачната идила завршила и дека поранешниот фудбалер го ставил целото семејство во прашање.