Откриени детали за раскошната венчаница во која заблеска принцезата Беатрис! (ФОТО)

19 јули, 20200
Annotation 2020-07-19 163450

Британската принцеза Беатрис од Јорк му рече судбоносно „да“ на италијанскиот претприемач Едоардо Мапели Моци во петокот на приватна церемонија во замокот Виндзор. Свадбата првично беше закажана за 29 мај во Лондон, но беше одложена поради пандемијата на корона вирусот.

На своите официјални профили на социјалните мрежи, Бакингемската палата објави две фотографии од парот на кои им го честитаат бракот, а венчаницата што ја избра омилената внука на кралицата Елизабета Втора ги воодушеви сите фанови на Британското кралско семејство.

Кој го дизајнираше фустанот?

За разлика од повеќето дами од Британскиот кралски двор, кои избраа венчаници со потписот на реномирани модни брендови за најважниот ден во нивните животи, принцезата Беатрис од Јорк тоа го најде во плакарот на нејзината баба, британската кралица Елизабета Втора. Се работи за винтиџ модел на бел фустан потпишан од дизајнерот Норман Хартнел.

Овој британски дизајнер се здоби со голема слава во 20 век со создавање облека токму за дамите на кралското семејство, а неговите креации ги носеше и кралицата Елизабета, како и принцезата Маргарет.

Овој избор на принцезата Беатрис ги изненади сите, со оглед на тоа дека дамите од кралското семејство досега во главно бирале фустани специјално дизајнирани за нив и со потпис на реномирани дизајнерски куќи.

Кејт Мидлтон исто така носеше и венчаница од Британскиот моден дизајнер Александар Меквин за нејзината свадба на принцот Вилијам, додека Меган Маркл судбоносно му рече „да“ на принцот Хари во венчаница на брендот Givenchy.

Помладата сестра на принцезата Беатрис, Евгенија од Јорк, ги ангажираше дизајнерите Питер Пилот и Кристофер Де Вос за најважниот фустан во нејзиниот живот.

За да заблеска фустанот од гардеробата на баба и на нејзината венчавка, принцезата Беатрис имаше состаноци со кројачите на кралицата, Анџела Кели и Стјуарт Парвин, со цел моделот на фустанот на Хартнел да се прилагоди на нејзината фигура.

Бидејќи креацијата не била специјално креирана за неа, немаше посебни пораки или слики  скриени во нејзините рабови. Но, со фустанот што го позајми од кралицата, Беатрис му оддаде почит на кралското наследство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *