Откриени лагите за финансиите на Канје Вест: Големи долгови на службен документ

14 октомври, 2020
75176b7c597076777e71


Американскиот рапер Канје Вест веќе неколку пати јавно зборуваше за своите долгови, па дури и молеше многу познати личности да му помогнат, а сега тој призна за каква бројка станува збор всушност. Имено, тој мораше да ја предаде имотната книшка кога влезе во трката за претседател на Америка. Таму тој напиша дека неговите долгови изнесуваат високи 644 милиони. Канје исто така претходно изјави дека 10-годишниот договор со модната марка ГАП ќе го направи побогат за дури 5 милијарди долари, според бројките што тој му ги предал на државниот изборен комитет, тоа се чини далеку од вистината. Неговите долгови останаа од разни хипотеки, а тој сè уште не одлучи да ги подмири.

Многумина беа воодушевени од толку голем број, бидејќи Канје заработува многу од работата со спортскиот моден гигант Адидас. Тој веќе потроши 7 милиони долари на претседателската кампања, а неодамна купи огромен имот во државата Вајоминг.

escort - Korsan taksi