ОТКРИЕНО Кејт е под будното око на кралицата и принцот Чарлс

17 јуни, 20200
Annotation 2020-06-17 121731

Секој нејзин чекор.

Kraljica Elizabeta II.

После скандалот со заминувањето на принцот Хари и Меган Маркл, и вмешаноста на принцот Андреј во педофилската мрежа на покојниот милијардер Џефри Епстеин, 95-годишната кралица Елизабета и нејзиниот син 71-годишниот принц Чарлс постојано се претпазливи да не би се случила некоја нова грешка која би наштетила на угледот на дворот, пишува Mirror. Од таа причина внимателно ја набљудуваат војвотката од Кембриџ, 38-годишната Кејт Мидлтон и сопругот, принцот Вилијам – во своето последно телевизиско гостување откри Том Куин, стручњак кој долго време се занимава со односите во кралското семејство.  

Како не би се повториле работи кои можат да го наштетат угледот на семејството; вели Куин, кралицата и војводата од Единбург многу претпазливо ги надгледуваат војводите од Кембриџ. ‘Поготово со оглед на тоа што младите припадници на кралското семејство во минатото поприлично грешеа’.

Принцот Вилијам е втор во редот за тронот, веднаш по својот татко, принцот Чарлс, кој титулата пак ќе ја преземе од мајка си, кралицата Елизабета II. Таа е најдолговечната британска владетелка на дворот, со вкупно 68 години стаж, а сеуште не е одлучено кога ќе се повлече и местото ќе го отстапи на својот најстар син, кој за таа улога е подготвуван од детството.

Princ Charles

Со оглед на тоа дека кралицата е во изолација и не може да исполнува многу од своите вообичаени должности, а Хари и Меган се откажаа од кралските обврски, многу нова работа падна на грбот на Вилијам и Кејт, поради што кралицата уште побудно држи око на нив, спремна да им излезе во пресрет. Том Куин се присети на својата прва средба со тогаш младиот принц Вилијам, на факултетот St. Andrews во Шкотска, во времето кога принцот само што ја започнал романсата со Кејт Мидлтон.

‘Принцот беше воодушевен од младата студентка по историја на уметноста. Неговата заљубеност извираше и не можеше да ја прикрие. И сам призна дека заради љубовта е малку смотан шашав и сега јас ќе мислам како е смотан, а тој бил само лудо вљубен’, вели тој.

kate middleton

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi