Откриено кој ќе ја глуми принцезата Диjана во новиот филм за неа
18 јуни, 20200
Кристен Стјуард ќе ја превземе улогата на принцезата Диjана, во новиот филм на Спенсер, јавува Deadline.
Дејството во драмата чиј наслов се однесува на презимето на Лејди Ди пред бракот, ќе се одвива во три дена во текот на деведесетите години од минатиот век, додека Дијана размислува за својот разнишан брак со принцот Чарлс.
30 годишната Стјуард е шест години помлада од принцезата Дијана, кога се разведувала во 1996 година. Принцезата загина во автомобилска несреќа во Париз 1997 година, но филмот нема да ја покрие нејзината трагична смрт.
Филмот ќе го режира чилеанскиот режисер Пабло Лараин (Џеки), а снимањето треба да започне на почетокот на 2021 година.