Откриено со кого се гледа Адел? Пристигнувајќи до нејзиниот дом доцна во ноќта, тој се обиде да се скрие, но не успеа

12 октомври, 2020
Screenshot_2

Адел и Крис Браун се запознаа во 2013 година на Греми музичките награди, а тој беше воодушевен од пејачката

Британската пејачка Адел (32) во последните месеци го привлече вниманието на јавноста со голема трансформација, односно губење на околу 45 килограми.

Но, освен изгледот, многумина беа заинтересирани кого таа сака откако се разведе во 2019 година по три години брак со претприемачот Симон Конечки (46), со кого го доби синот Ангел (7). Се шпекулираше дека Адел брзо го преболи разводот и дека била во врска со раперот Џозеф Јуниор Аденауга, попознат како Скепт (37) со кого била видена.

Покрај тоа, тие кореспондираа под нејзините објави на социјалната мрежа. „Конечно го добив твојот код на Инстаграм“, ѝ напиша тој под фотографијата на која пејачката го гледа нејзиниот концерт на музичкиот фестивал Гластонбери.

Изгледа дека не било толку сериозно со Џозеф и, како што пишува „The Sun“, раперот Крис Браун (31) дојде во домот на Адел во Западен Лондон минатата ноќ. “Тие се обидоа да го сокријат неговото пристигнување, за да го чуваат во тајност. Тој пристигна во средината на ноќта, не замина до два часот по полноќ. Пристигна во огромен, затемнет автомобил со многу огромни, мускулести телохранители кои беа во други автомобили”, изјави извор за „The Sun“.

Интересно, Крис е добар пријател на неговиот колега Скепт, за кого беше напишано дека е во врска со Адел. Инаку, Браун ја запозна пејачката во 2013 година во Лос Анџелес на доделувањето на музичките награди „Греми“ и беа фотографирани на сред разговор. Тој бил толку воодушевен што ѝ посветил објава на Твитер.

“Беше задоволство да те запознаам, Адел. Ги слушав твоите зборови и само тоа е важно. Ти благодарам што ја кажа вистината”, напиша тој. Според странските медиуми, Крис е во врска со манекенката Амика Харис, со која често раскинува, а неодамна објави фотографија од нив на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/CGAlRg-hd6y/?utm_source=ig_embed

Патем, Браун секогаш ќе биде познат повеќе од музиката за ужасното насилство што го изврши во 2009 година врз неговата поранешна девојка, пејачката Ријана (32).

Фотографија на која плаче Ријана со бројни модринки на лицето го обиколи Светот во секунда, но и по тој немил настан, пејачката неколку пати беше видена во негово друштво. Поради ова, таа често беше критикувана, особено од разни здруженија на жени, кои истакнаа дека испраќа погрешна порака до девојчињата и жените.

Во јануари 2013 година, таа кратко ја обнови врската со Браун, но на крајот на годината повторно беше слободна и за среќа, продолжи понатаму. Дури и по раскинувањето, Крис честопати оставаше комплименти на објавите на социјалните мрежи, со што ги разгневуваше нејзините обожаватели.

Браун доби пет години условна казна и општокорисна работа. Токму поради овој ужасен настан, на раперот му беше забрането да доаѓа во Велика Британија, а таа одлука очигледно беше укината со текот на годините. Адел веќе е на удар на јавните критичари за дружење со Крис.