Ова е најдобрата серија на сите времиња. Се согласувате?

8 јуни, 2020
фгдфгд

BREAKING BAD е најдобрата серија на сите времиња, барем според анкетата на порталот Ранкер во која скоро 70.000 фанови на серијата оставија повеќе од 1,5 милиони гласови. На крајот на минатиот месец, Ранкер го ажурираше списокот со најдобра серија на сите времиња, во кој се вклучени повеќе од 2.300 наслови на кои може да се гласа, а првите три места ги зазедоа Breaking Bad, The Sopranos и Game of Thrones.

Според порталот специјализиран за истражувања од различни области, понови серии во моментов доминираат на врвот на списокот, но на високи позиции може да најдете и класици како Ѕвездени патеки или зона на самракот. Патем, многумина беа изненадени од фактот дека Better Call Saul е само на 168-то место, а The Wire е само на 41-то место.

Погледнете ја Топ 15 листата: