ОВА Е НОВАТА ВИЛА НА НОВАК ЃОКОВИЌ: Луксуз од 1.000 квадратни метри, базен, теретана и тениско игралиште! (ФОТО)

9 декември, 2020
novak

Шпанските медиуми пишуваат за овој потег на најдобриот тенисер во светот.

Новак Ѓоковиќ е скоро 15 години на самиот врв на светскиот тенис, а во новата 2021 година ќе влезе како најдобар тенисер во светот.

Сепак, сите овие години, неговата главна резиденција беше во Монте Карло, по што жителот на Белград реши да го пресели својот дом во Шпанија!

И тоа каков дом!

Локалните медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ купува вила во Марбела, во познатиот регион Коста дел Сол, која обезбедува одлична клима по должината на медитеранскиот брег.

Шпанците пишуваат дека Ѓоковиќ се одлучил за вила во која често престојувале во текот на 2020 година, особено за време на пандемијата на корона вирусот, кога тениската сезона беше прекината.

Новата вила на Ѓоковиќ се простира на околу 1.000 квадратни метри, со околу 3.500 квадратни метри двор. Има сè што му треба на семејството Ѓоковиќ – големи простории, просторија за забава, голема скара, огромна градина и секако – тениско игралиште.

Вилата е украсена во различни стилови, така што во преден план се арапски и медитерански, има осум бањи и има просторија за билијард или фудбалски маса. Тука е и теретаната, бар и многу повеќе.

Погледнете: