Ова е синот на Ана Бекута кој го остави во дом за деца без родители при самото раѓање: Еве што вели тој за пејачката!

15 август, 20200
Screenshot_14_1000x0

Пејачката Ана Бекута го роди својот син Игор Полиќ на само 17 години и мораше да го остави во дом за деца без родители, за што зборуваше во неколку наврати.

Игор Полиќ, син на Ана Бекута, кого пејачката го родила во 1976 година како тинејџерка, никогаш не ѝ замеруваше на својата мајка затоа што го оставила во дом за деца без родители како бебе од неколку месеци.

– Откако знам за себе, знам дека таа била присилена да биде без дете еден дел од животот. Тоа никогаш не се криеше од мене, ниту пак тоа остави какви било последици врз мене. Мајка ми го надополни сето тоа подоцна и многу повеќе од тоа. Ние двајца и денес зборуваме за сето тоа. Верувај ми, јас секогаш гледав на тој период на најнормално нешто. Таман работа да ја обвинувам мајка ми што морала да ме остави во дом. Никогаш не ѝ префрлав зошто сторила така. Мајка ми мораше да го стори тоа затоа што тогаш бил таков законот – рече претходно Игор, кој не е во контакт со неговиот татко.

– Ги имам сите информации за татко ми, но не се слушаме ниту се гледаме – откри тој за медиумите во тоа време.

– Секој викенд патував да го видам Игор, кој ќе ми се насмевнеше во креветчето, не познавајќи ме. До следната сабота, во живот ме одржуваше неговиот прашкаст мирис во ноздрите и отпечатокот на неговите ситни усни на вратот. Агонијата траеше неколку месеци, а потоа гласот на срцето и умот ја донесе птицата назад во скут – таа во една прилика изјави пред медиумите, а во неколку наврати истакна дека жали што не роди уште едно дете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi