Ова е суперјахтата „Лана“, убавица долга 107 метри со која Бијонсе и Џеј Зи пловат на Јадранот за „СКРОМНА“ сума на пари

8 септември, 2020
1305386

Нова убавица, истовремено една од најголемите суперјахти на Бенети, деновиве пловеше во Хрватска. Во моментов, за два милиони долари неделно поп дивата Бијонсе и нејзиниот сопруг, славниот рапер Џеј Зи, ја изнајмиле за нивниот одмор од соништата

Неодамна, Бенети ја промовираше својата најнова убавица, суперјахтата Лана, долга 107 метри, достапна за изнајмување, со која, на едно од првите патувања, реши да крстари Бијонсе со сопругот Џеј Зи. По повод 39-от роденден на поп дивата, двојката реши повторно да дојде во Хрватска, а овој пат тие ја истражуваат областа на архипелагот Задар.

На прв поглед, кога ќе ја видите од далечина, ќе ви биде јасно зошто славната двојка ја избра за многу потребниот одмор, а ако ѕирнете внатре, ќе посакате да останете со неа. Ова не е невозможно ако имате вишок на вашата сметка, па два милиони долари за неделна кирија не претставува никаков проблем.

Внатрешноста на јахтата е прилагодена за 12 гости во осум спални соби, поточно главниот апартман и седум ВИП апартмани, а секоја ВИП кабина е посебна. За удобност и безбедност на сите гости има дури 31 членови на екипажот кои се грижат сè да помине совршено, а гостите можат да поминат денови во спа центар, теретана, да гледаат филмови во импресивно кино или едноставно да пливаат во базенот или да го впиваат сонцето на палубата за сонце.

Исто како и остатокот од оваа суперјахта, кабините имаат апсолутно сè што можете да замислите, а најдобро е секако главниот апартман со прозорци и тераса од двете страни на јахтата.