Ова се милијардерите кои не им оставиа ништо на своите деца

28 мај, 20200
3b1a5024b84a602be31e

Многу милионери па дури и милијардери решиле своето богатство да го дадат на хуманитарни организации откако ќе починат. Некои од нив велат дека не сакаат да им го уништат животот на своите деца оставајќи им толкаво богатство и дека е подобро да заработат самите.

Еве список со неколкумина од нив:

Кирк Даглас

Даглас одлучил своето наследство да го остави на фондацијата Даглас, која ја основал во 1964 година со својата жена. Парите се поделени на многу хуманитарни организации како на пример Sinai Temple од Лос Анџелес, Театарто Кирк Даглас во Кулвер Сити, Детската болница во Лос Анџелес и универзитетот Сент Лоренс.

Некои од неговите деца не добиле ништо, вклучувајќи го и актерот Мајкл Даглаас, иако нему не му е потребно бидејќи се верува дека вреди околу 300 милиони долари.

Џоан Колинс

Кога актерката починала во 1977 година, две од нејзините 4 деца не добиле ништо. Во својот тестамен таа напишала: „Моја намера е во овој докумнет да не ги вклучам својот син Кристофер и ќерката Кристина од причини познати на нив.“

Нивниот однос бил опишан од Кристина во нејзините познати мемоари „Најмила мамичке“.

Намеесто на нив таа дел од своите финансии ги донирала на хуманитарните организации како што се: Америкнаско друштво за мускулна дистрофија, Американско друштво за заболени од рак и др.

Џејмс Браун

После низа на семејни спорови и правни прашања желбата на Браун била оспорувана со години. Тој сакал дел од своето богатство да го даде во хуманитарни цели за финансирање на школарини за деца на кои тоа им било потребно. Најголем дел требала да добие фондацијата I Feel Good Trust, која ја наменил за децата од Јужна Каролина каде е роден и пораснат.

Бил и Мелинда Гејтс

Според листата на Forbes, Гејтс е вреден 108 милијарди долари, а ветил дека поголем дел од своето богатство ќе го даде во хуманитарни цели. Тие се познати дека не размислувале за своите деца при што Бил во една прилика рекол: „Не еникаква услуга да им оставвам на децата огромна количина на пари. Тоа ќе го уништи сето она што можат самите да го создадат.“

Џорџ Лукас

Неодамна познатиот режисер заработи 4 милијарди долари со продажбата на Lucas Films на Дизни и целата таа сума ва донираше на образовна организација.

Џеки Чен

Чен планира своето богатство кое е проценето на 370 милиони долари да го подари на хуманитарни организации наместо на својот син Џејси, а објаснил и зашто: „Ако е способен може и сам да го заработи истото. Ако не е тогаш не мора да го троши моето.“

Елтон Џон

Тој од секогаш бил хуман, а тоа планира да го направи и по својата смрт. Тој ја основал фондацијата Elton John AIDS во 1992 година и од тогаш донирани се 400 милиони долари. Елтон со својот сопруг имаат две деца, Закарија и Елаја кои нема да го наследат неговото богатство.

Тој уште во 2016 изјавил дека ќе им остават толку пари колку што им требаат за пристоен живот а другото ќе го донираат.

Марк Зукерберг

Во објавата од 2015 година , основачот на Facebook и неговата жена Присила Чен соопштиле дека целото свое богатство вредно околу 83 милијарди долари нема да им го остават на своите ќерки Макс и Август туку 99 % ќе го донираат со пораката: „Сакаме да пораснете во подобар свет отколку што е овој нашиот. НИе ќе го направиме нашиот дел кон таа идеа не само заради тоа што е сакаме туку зато што имаме и морална одговорност кон другите генерации.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi