Ова се најпознатите насилници кои брутално малтретирале жени, а милиони луѓе сè уште ги „величат“

8 ноември, 2020
tan2020-11-21131353400-830x0

Џони Деп се закани дека ќе ја убие сопругата, Боби Браун ја претепа Витни, од што имаше видливи повреди на лицето. Чарли Шин призна за семејно насилство, за што доби условна казна од 30 дена

Актерката Амбер Херд (34) го обвини сопругот, актерот Џони Деп (57), за насилство, а тој ја обвини дека само сакала да извлече пари од него со лаги и измислици. Тие се расправаа на суд и како што сето тоа завршуваше, се повеќе и повеќе морничави детали излегоа на виделина. Евидентно беше дека целата приказна и разводот на актерската двојка беа обележани со дрога, алкохол и крвави конфронтации. Џони ја обвини Амбер дека се фотографирала со лажни повреди и започнала „лов на вештерки“ за да го оцрни. Таа, пак, сведочеше дека Деп бил зависник од алкохол и дрога, кој ја замислувал нејзината афера, ја повредил неколку пати и на крајот и се заканил со смрт.

Нивниот брак заврши насилно и многу „валкани работи“ излегоа на површина, но сагата се одолговлекуваше по судовите со месеци. Меѓу другото, бидејќи холивудскиот актер го тужеше британскиот таблоид „The Sun“ за клевета поради нивните наслови дека тој бил „насилник што си ја претепал жена си“. Деновиве судот донесе пресуда во корист на британскиот таблоид.

– „The Sun“ успеа да докаже дека напишаното во спорниот текст е во суштина вистинска информација. Дојдов до таков заклучок откако одбраната ги презентираше деталите за 14-те инциденти во судницата – судиите го завршија рочиштето.

Пејачката Витни Хјустон и музичарот Боби Браун (51) исто така имаа бурни односи. За нивната врска се дискутираше многу во музичкиот свет, обвинувањата за физичко малтретирање и измама.

Пејачот е обвинет за удирање на неговата сопруга и закана дека ќе ја претепа во 2003 година. Потоа полицијата во извештајот навела дека таа има видливи повреди на лицето.

Крис Браун (31) и пејачката Ријана (32) исто така беа проблематичен пар. Раперот еднаш ја нападнал својата тогашна девојка за време на насилна кавга во автомобилот, поради што таа побарала лекарска помош. Фотографијата на која Ријана плаче со модринки на лицето, потоа го обиколи целиот Свет. Но, дури и по тој настан, таа беше видена во негово друштво неколку пати, поради што често ја критикуваа.

Како жртва на насилство, пејачката Ријана ги здружи силите со извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, за да им помогне на жртвите на семејно насилство што живеат во Лос Анџелес за време на пандемијата на коронавирус.

Не е тајна дека актерот Шон Пен (60) и Мадона (62) имале криза во бракот. Двојката се запозна во 1985 година и истата година, шест месеци подоцна, тие беа во брак. Сепак, наскоро им дојде крајот и на нивната врска. Пејачката поднесе барање за развод кон крајот на 1987 година, и наскоро го повлече, но на почетокот на 1989 година, таа одлучи дека е готово. Тогаш Мадона го обвини поранешниот сопруг дека неколку пати ја удрил, но во 2015 година ги нарече своите обвинувања злонамерни, немилосрдни и неточни.

Кармен Електра (48) и нејзиниот поранешен сопруг, гитаристот Роб Патерсон (49) не поминаа ништо подобро. Во една прилика признала дека никој од нејзините пријатели не разбирал зошто го сака.

– Тој беше придружуван од репутација на лошо момче – рече тогаш актерката и додаде дека по ненадејната смрт на нејзината мајка, нашла утеха во неговите прегратки, но и станала самоуништувачка. Двојката се запозна во 1998 година, непосредно по смртта на мајката на Кармен и истата година се венчаа во Лас Вегас. Двојката се разведе по една година брак.

– Нашата врска беше многу страствена, кога беше добра, беше неверојатна, но кога беше лоша, беше најлоша – призна Кармен.

Актерот Чарли Шин (55) во 2010 година се изјасни за виновен по обвиненијата засновани на спор со неговата тогашна сопруга и актерка Брук Милер (43). Тој се изјасни за виновен за семејно насилство, по што беше осуден на 30 дена во центарот за рехабилитација во Калифорнија. Тој исто така доби условна казна од 30 дена.