Оваа русокоса започна да гради успешна кариера како дете, но во последниве години повеќе се пишуваше за нејзината драстична трансформација

11 јули, 20200
jessica

Џесика Симпсон е на сцената уште од 16 години, а некогаш познатата пејачка сега има свој моден бренд и се грижи за своето семејство.

Американската пејачка Џесика Симпсон пред неколку дена се пофали со фотографија во костум за капење во која напиша дека се чувствува удобно во своето тело, а денес оваа убавица го слави својот 40-ти роденден.

Пред да започне да го привлекува вниманието на медиумите со семејството и драстичното слабеење, во центарот таа беше со нејзината кариера во пеењето. Нејзината кариера започна додека таа сè уште беше девојка која пееше во црковните хорови, каде што честопати се истакнуваше со својот глас. Веќе на 16-годишна возраст, таа потпиша договор со Колумбија Рекордс, а го издаде својот прв албум „Sweet kisses“ во 1999 година.

Со нејзиниот втор албум во 2001 година, таа веќе владееше со светските топ листи, а нејзиниот трет албум броеше милиони. Дури и додека таа светкаше и гореше на светските сцени, медиумите почнаа да се интересираат за нејзината врска и подоцна брак со Ник Леши, со кого се појави и во реалното шоу на MTV “Newlyweds: Nick and Jessica”. Веќе на крајот на шоуто, парот се разведе, а разводот беше финализиран во 2006 година. Бидејќи тие не склучиле предбрачен договор, таа требало да му даде 12 милиони американски долари од нејзината заштеда која ја заработила во бракот. Таа подоцна во интервјуа рече дека нејзиниот брак со Ник е најголемата финансиска грешка во нејзиниот живот.

Потоа, таа беше во врска со нејзиниот колегата, пејачот Џон Мајер, а со нејзиниот втор сопруг Ерик Џонсон се запознаа во 2010 година, а парот ја објавија нивната веридба подоцна истата година. Денес тие се среќно во брак и заедно имаат три деца.

Симпсон е исто така сопственичка на модна линија, иако денес е посветена на семејниот живот, пејачката истакнува дека не жали за ништо и дека е среќна што работите се смиририле онака како што треба.

Таа неодамна го привлече вниманието на медиумите поради фактот што таа изгуби повеќе од 40 килограми по третата бременост. Нејзиниот тренер посочи дека успеала да ја изгуби тежината поради напорната диета што ја имала, и вежбала секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi