Оваа страсна афера на Мајк Тајсон останала неоткриена од таблоидите

16 мај, 20200
291955_befunkycollage_ff

На некогашниот боксер и светски шампион Мајк Тајсон жените од секогаш му биле слабост, а неговата авантура со една од најубавите жени на светот долго време била тајна.

Рори Халовеј, негов поранешен менаџер и пријател, во својата книга открива интересни факти за животот на Тајсон, а една од нив е дека бил зависник од секс што до некаде и му ја уништило кариерата.

  • Знаев дека во рингот никој не може да му се спротивстави. Единственото што можеше да го „нокаутира“ е неговата слабост кон жените. Неговите одлуки никој не можеше да ги промени, а скоро сите беа поврзани со сексот и жените – напишал Холовеј.

Тој се навраќа на неколку интересни случувања, додека за светските медиуми најпикантна била онаа за врската на Тајсон со најголемиот супер модел во историјата Наоми Кембел. Познато било дека тие поминувале време заедно и дека се појавиле обајцата на насловната страна на списанието Vog, но дури во изминативе неколку години на виделина се појавила вистината за нивниот однос.

Холовеј раскажува за еден настан кога тие присуствувале на една забава во Њу Јорк.

– Бев со Мајк бидејќи морав да внимавам на него да не западне во проблеми. Разговараше со некоја девојка и кога видов која е мораше да ги протријам очите бидејќи не можев да поверувам. Тоа беше Наоми. Во еден момент Мајк рече дека мора до тоалет и Наоми тргна по него, а јас стоев со нивните пијалоци во раката.

Според Халовеј оваа нивна врска била осудена на пропаст бидејќи конечно Тајсон нашол некој кој е во иста категорија како него.

– Мајк тогаш се забавуваше по клубовите но кога ќе излезеше од нив ќе ја видеше неа како го чека седната на хаубата на неговиот автомобил – раскажува Рори. Еден настан му останал исто така во сеќавање кога Хаоми се појавила во Вегас додека Тајсон бил во хотелска соба со неколку девојки. Кембел како мачка скокала од еден балкон на друг за да го фати на дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *