ОВАА УБАВА МИСИЦА Е РОДЕНА ВО ПОГРЕШНО ТЕЛО: Неверојатна приказна за ЖЕНА по која воздивнуваат силни МАЖИ!

12 ноември, 2020
845647_ddbbdbdb_ls

Ариел стана првата трансродна личност која учествуваше на натпревар за убавина во Нов Зеланд.

Ариел Кил, родена на Филипините како момче Ендру и израсната во Окланд, Нов Зеланд, беше подложена на операција за промена на полот на почетокот на оваа година.

Ариел стана првата трансродна личност која учествуваше на натпревар за убавина во Нов Зеланд.

“Натпреватувањето беше одлично искуство. Тоа е нешто што го посакував и ова е исполнување на мојот сон”, изјави таа за британски „Metro“.

Ариел студира моден дизајн и признава дека ѝ било пострашно да открие дека е трансродна личност. Таа вели дека, и покрај тоа што е свесна дека начинот на кој луѓето ја гледаат ќе се промени, таа решила да биде отворено трансродна за да не се покае подоцна во животот.

„Јас веќе ги поминав младите години од мојот живот како погрешен пол, не сакав да ги поминам дваесеттите години во погрешно тело“, вели таа, додавајќи дека ваквиот начин на размислување ѝ помогнал да им признае на своите родители.

Ариел ја започна транзицијата во 2017 година, но семејството ја избрка од домот затоа што не може да ја прифати нејзината одлука. Кога нејзините родители дознале дека зема хормони, ѝ дадоа два избори – да престане или да го напушти домот.

Сè што имала спакувала во црна вреќа за ѓубре и си заминала.

„Животот ми се преврти наопаку, но повеќе сакам да поминам низ пекол како жена отколку да имам лесен живот како маж“, рече таа.

Иако здравствениот систем на Нов Зеланд дозволува јавно финансирање за промена на полот, во некои случаи процесот на одобрување е тежок, а списокот на чекање е долг. Ариел отпатува за Тајланд и плати 15.000 долари за процедури кои вклучуваат импланти на дојка и вагинопластика.

Ариел доби бројни комплименти и честитки на Instagram.

escort - Korsan taksi