Оваа жена има 54 години: Најновите фотографии и видео што ги објави навистина го потресоа Instagram!

15 декември, 2020
Screenshot_2

Хали Бери го промовираше својот бренд кој ги мотивира луѓето да започнат и предизвика воодушевување кај нејзините обожаватели.

Хали Бери (54) се покажа како посекси од кога било во понеделникот кога сподели клип за нејзиниот wellness бренд.

Актерката сними инспиративно видео во кое носеше необично црно бикини на плажа во кое ја покажа својата извајана фигура. Потоа се појави во сцени во кои изведува јога пози и удира во вреќа за боксирање.

Повторно беше на плажа, но овој пат беше облечена во едноделен костим за капење. “Искрено ми е чест што го споделувам брендот „Respin“ со вас. Да продолжиме да растеме заедно”, истакна Хали покрај видеото. Тоа е платформа дизајнирана за разговор, поврзување и откривање.

Објавата на Бери ги воодушеви следбениците на Instagram. „Ти си постојана инспирација“, „Ова многу ме мотивираше. Инаку се борам со килограмите“, „Ти си убава жена“, „Tи благодарам што го сподели твоето физичко искуство со нас“, „Изгледаш фантастично додека го правиш сето тоа“, коментираат.

Патем, Хали во моментов снима нов научно-фантастичен трилер „Moonfall“. Во срцето на приказната е тим од астронаути испратени на Месечината, со Бери и Доналд Сатерленд и Патрик Вилсон во главните улоги.

escort - Korsan taksi