Оваа жена важи за една од најубавите во светот! СЕГА Е ФАТЕНА БЕЗ ШМИНКА! Разликата е огромна, вака навистина изгледа Лима!

13 декември, 2020
шминка

Адријана Лима, поранешната сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, секогаш важеше за една од најубавите жени на планетата, а во неколку наврати заврши на врвот на листата најсекси познати дами.

Најпознатата „српска снаа“, како што некогаш ја нарекуваа тамошните медиуми, стана една од најбараните модели во светот благодарение на нејзиното убаво лице и совршената фигура, и една од „Ангелите на Викторија“, што е титула која ја посакуваат сите убавици во светот на модата.

Таа се пензионираше во ноември 2018 година, кога последен пат се прошета по пистата за брендот Викторија Сикрет. Но, и после тоа, таа продолжи да води бројни кампањи за луксузни брендови, но не толку интензивно како порано.

Славната Бразилка неодамна беше фатена од папараци-фотографи на улиците во Мајами во лежерно домашно издание, без тронка шминка и со опуштена фризура. Со неа беше нејзината помлада ќерка Сиена (7). Инаку, таа и Јариќ имаат уште една ќерка – 11-годишната Валентина.

Адријана носеше обични црни хеланки и памучна маица, како и голема кожна торба, а го следеше и најновиот холивудски тренд – па на чорапите им стави влечки.

И покрај фактот дека без шминка не изгледа како гламурозна дама од кориците, сепак е многу убава и негувана, а интересно е што нема ни трага од брчки, иако веќе има 39 години!

Инаку, Лима беше во брак со Јариќ од 2009 до 2016 година, а парот остана во добри односи и по разводот, пред се поради воспитувањето на своите ќерки.

escort - Korsan taksi