Овие хороскопски знаци мора прво интелектуано да ги освоите

14 мај, 20200
497649_horoskop-01-profimedia-profimedia_ls

Кога се во прашање хороскопските знаци овие три се издвојуваат кога во прашање се очекувањата од партнерот. Нивниот карактер има голема желба за учење и поради тоа не ги интересираат личности кои интелектуално не ги предизвикуваат.

Од партнерот секогаш бараме да биде интелектуална душа, убаво да се изразува, да биде сестран или едноставо сакаме некој со добар смисол на хумор кој ќе не засмејува.

Сите имаме поминато низ потрагата за идеален партнер и слободно можеме да речеме дека желбата е појака од нас за партнерот да не надополнува и да биде како од сништата. Овие знакови се сметааат за најинтелегентни па не не чуди и фактот дека се „тешки“ при избор на партнер.

Токму таа интелегенција ги води да од партнерот очекуваат да ги прати во чекор кога се работи за нивната остроумност и пепдизвикот на интелектуално поле.

Ова се однесува на Близнаците, Стрелецот и Водолијата. Овие знаци припаѓаат на групата мислители, многу често го бараат предизвикот за интелектуален натпревар и не се задоволуваат со нецелосни информации и честосе обидуваат да стигнат до срцето на проблемот.

Близнаци

Основна карактеристика за припадниците на овој хороскопски знак е нивната неспоредлива духовитост, во склоп со љубопитноста. Поради нивната поврзаност со планетата Меркур никогаш не го исцрпуваат изворот на интересни теми на разговор и не сакаат празни муабет.

Воедно зошто да се губи време на нив кога може да се прави навистина длабок и значаен разговор со одредена личност? Нивната љубопитност навистина може да биде интезивна и сосема е нормално да го изгубат интересот за личноста која нема сличен ум.

Стрелец

Него тешко дека ќе го заробите во било кој временски период. Тоа не е поради фактот дека се издигнуваат високо или пак се неприметни туку поради тоа што поседуваат длабока интелектуална љубопитност која ментално и метафизички ги издигнува над опкружувањето.Они не можат мирно да седат додека во нив црвот на знаењето раскопува.

Секогаш се фокусирани на работата, сакаат нови искуства, познанства. Нивната планета Јупитер се карактеризира со желбата за интелектуално растење и превземање на ризик. На стрелците им е потребен некој со ист интелектуален интензитет и страствен поглед на светот.

Водолија

Овој хороскопски знак е најбунтовниот знак во зодијакот. Ништо друго не се ни очекува од знакот на планетата Уран, која се поврзана со слободата и со револуционерната визија и е извор на истражувачката енергија на овој знак. Иако се полни со контрадикции од една страна одбираат да се занимаваат со хуманитарна работа и да го направат светот подобар за живеење за сите. Оваа жебла не е емотивно водена туку потекнува од аналитичкото гледиште и потребата за радикални решенија. Водолијата е тврд орев и за да го отворите потревно ви е многу високо интелектуално ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi