Овие познати Холивудски дами се фатени во КРАЖБА!

24 септември, 2020
149779_profimedia0239761380_ff


Честопати се прашуваме дали има некои работи на овој свет кои славните не можат да си ги дозволат? Главно, тие не постојат. Сепак, тие не би се согласиле со нас. Не е тајна дека некои славни пејачи и актерки, разни спортисти се фатени како крадат. Многумина подоцна објасниле дека причината е психолошки проблеми и желба да се сврти вниманието. Ова се славните личности кои се фатени како крадат.

Винона Рајдер

Популарната актерка, среде најголема слава, беше фатена како краде облека во вредност од 5 и пол илјади долари на Петтата авенија во Беверли Хилс во 2001 година. Актерката објасни дека тоа е само причина за проба за нејзината нова улога. Таа доби 3 години условна слобода, волонтирање за задолжителна работа и редовно пиење на лекови. Ова беше едно од најпознатите апсења на познати личности.

Линзи Лохан

Младата актерка беше обвинета за кражба во 2011 година, откако излезе од бутик во Калифорнија носејќи ѓердан вреден 2 и пол илјади долари, што не планираше да го купи. Таа беше осудена на 120 дена затвор и задолжителна јавна служба. По еден месец, таа беше ослободена со обврска да го издржи остатокот од казната во домашен притвор.


Меган Фокс

Една од најсексапилните дами во Холивуд никогаш не била осудена, но во едно од своите интервјуа признала дека украла шминка од Вал-Март во тинејџерските денови.


Бритни Спирс

Нема човек кој не се сеќава на нервниот слом на популарната пејачка Бритни Спирс и нејзиното бричење на главата. Сепак, ова не е случај тука. Таа призна дека во една прилика во 2007 година украла перика од бутик во Холивуд, како и запалка од бензинска пумпа.