Од сиромаштија до милиони и луксузни животи: Погледнете на кои ѕвезди животот им се променил од корен!

21 јуни, 20200
imageedit_66_2004459691

Иако денес на сметките имаат милиони, бројни ѕвезди почнуваат речиси од нула, а не малку од нив скоро од просјачки стап. Во продложение дознајте кои се некогашни сиромашни звезди.

Хали Бери

Славната глумица на својот почеток и тоа како се изнамачила. Еден период дури го поминала во прифатилиште за бездомници.  Денеска таа е оскаровка со милиони на сметката, но никогаш не го  заборавила своето минато.

Ј.К Роулинг

Славната писателка и авторот на ликот на Хари Потер денеска е една од најбогатите луѓе на светот. Но пред да ја објави својата книга, таа била невработена и самохрана мајка. Дури и имала обид за самоубиство. За среќа, тоа не и успеало.

Крис Прат

Звездта на филмот ”Чуварите на галаксијата” живеел како бездомник, во комбе на Хаваи. Дури кога ја добил улогата во филмот “Проколнатите – 3-ти дел” неговиот живот се променил од корен.

Опра Винфри

Опра е една од најуспешните жени на светот, а кога била мала нејзината мајка едвај составувала крај со крај. Опра е првата афро-американка која станала милијардер.

Џим Кери

Иако успешен комичар и глумец, Џим претходно за да си ги подмири сметките работел како домар. Со улогата во “Глупав и поглупав” кариерата му тргнал по нагорна линија

Џенифер Лопез

На 18 години Џен била бескуќник. Таа спиела на каучот во студиото на танцовиот колеџ.

Џастин Бибер

Пред да се прослави на Јутјуб, Џастин живеел во трошна куќа, полна со стаорци, а спиел на каучот затоа што немал своја соба. Потоа го открива Ушер и остатокот е историја.

Лејтон Местер

Звездата на серијата “Озборувачка” е родена во затвор каде родителите отслужувале казна за шверц на дрога.Сепак подоцна таа успеала да се прослави.

Мараја Кери

Денеска голема дива, Мараја порано живеела во најсиромашниот дел на Лонг Ајленд и тврди дека немала ниту една играчка. Менаџерите ја откриле на една забава откако се преселила во Њујорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *