Овој глумец тешко го поднесува разводот од славната убавица, па поради тоа патат нивните деца

4 јуни, 20200
гф

Брајан Остин Грин (46) се чини дека не се снаоѓа добро со веста за новата љубов на неговата поранешна сопруга, Меган Фокс (34).

Имено, Меган има момче, Машин Ган Кели(30), со кого се зближила на снимањето на неговото музичко видео. Иако Брајан тврдеше дека Фокс и тој биле само пријатели и тоа не е причината за нивниот развод, тоа наскоро се покажало како невистинито.

За актерот беше тешко што јавноста брзо дозна за новата романса на Меган, па почна да избегнува да поминува време со децата. Фокс е видена сама во калифорнискиот град Калабасас со нивните синови Ноа (7), Боди (6) и Џорни (3).

Актерката во саботата пазаруваше со органска храна за ручек со децата, а се чини дека Брајан реши да го помине викендот на страна од нив што е невообичаено. Грин неодамна се оддалечи од Меган и синовите, но досега тоа не влијаеше врз нивните родителски обврски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *