Овој обичај морате да го испочитувате- еве што се прави со бројаницата кога ќе се скине

5 август, 2020
бројаница

Едно од духовните обележја на секој верник е бројаницата. Иако во денешно време бројаницата се носи повеќе од модни отколку од верски причини, таа е многу повеќе од обично парче накит. Бројаницата е молитва и тоа една од најстарите.

Бројаниците се разликуваат по својата структура. Постојат мали и големи бројаници. Малите бројаници се состојат од 33 чворови,а големите можат да имаат 50, 100, па дури и 300 чворови. Секој чвор се состои од 7 крстови. Плетените бројаници се прават од овча волна што не потсетува дека сме овци на добриот пастир Господ Исус Христос.

Неретко може да се види дека некои носат повеќе бројаници на рацете. За жал тоа е едно од погрешните сфаќања на бројаницата и нејзиното постоење. Таа не служи ниту за украс, ниту за игра, туку за молитва.

Молитвата е вткаена во секој дел на бројаницата бидејќи свештените лица кои ја прават за време на изработката изговараат молитви.

Една од најголемите дилеми е зошто бројаницата се носи на левата рака?

Одговорот е едноставен- од практични причини. Додека се крстиме за време на молитвата, полесно ни е да ја држиме бројаницата во левата рака. Не е погрешно и ако се носи на десната рака, а има и бројаници ки се носат на врат.

Една од најголемите енигми поврзани со бројаниците е што да правиме со нив кога ќе ни се скинат?

Кога ќе ви се скине бројаницата, таа никако не смее да се фрли. Постои верување дека треба да се запали. Но, тоа е погрешно.

Бидејќи бројаницата е нешто што доаѓа од црква, кога ќе се скине треба да се однесе во црква или манастир и тука да се остави.