Пандемијата го уништи Холивуд, но не и НЕА. Ѕвездата на „Модерно семејство“ е најплатената актерка во Светот со заработка од 43 милиони

3 октомври, 2020
o_14861570_1024

Ѕвездата од „Модернот семејство“ Софија Вергара е на врвот на листата на Форбс за најплатени актерки во светот, водејќи ги телевизиските актерки во годината кога киносалите западнаа во криза, објави Форбс. Вергара – која во моментов е судија на шоуто America’s Got Talent – заработи неверојатни 43 милиони долари (277,6 милиони куни) во последните 12 месеци како плата и ангажмани.

Таа се премести од второто место минатата година. 48-годишната Колумбијка заработуваше 500.000 УСД по епизода во последната сезона на „Модерно семејство“ која престана да снима на почетокот на оваа година.

Форбс процени дека ќе заработи „најмалку 10 милиони УСД по сезона“ за АГТ, едно од најпопуларните натпреварувачки шоуа во САД. Пандемијата на коронавирусот го парализираше Холивуд, принудувајќи ја продукцијата да запре и кината да се затворат, а снимањето на многу високобуџетни филмови беше одложено.

Оскаровката Анџелина Џоли е на второто место на листата на Форбс, со 35 милиони долари. Актерките кои заработуваат најмногу на телевизија или стриминг услуги се на врвот. Sвездата на „Wonder Woman“, Гал Гадот е на третото место со 31 милион долари, но дел од парите ги заработи во филмот Red Notice на Нетфликс.

Елен Помпео, главната актерка на „Вовед во анатомија“ е на осмото место со 19 милиони долари, а ѕвездата на „Приказната на слугинката“, Елизабет Мос е на деветтото место со 16 милиони долари. Друга добитничка на Оскар, Виола Дејвис, го имаше своето прво појавување во топ 10. Вкупно 10-те најплатени актерки во светот во 2020 година заработија 254 милиони долари за 12 месеци.

Десетте најплатени актери заработија скоро двојно повеќе – скоро 550 милиони долари – во истиот период. На врвот на табелата минатиот месец беше Двејн „Рок“ Џонсон со 87,5 милиони долари.

escort - Korsan taksi