Папараците ги препознаа и покрај маските на лице: Кејти Холмс и Сури Круз на прошетка во Њу Јорк

6 август, 20200
Annotation 2020-08-05 212809

Холивудската актерка горда во какво девојче израсна  14-годишната Сури Круз,која последните години,откако се раздели со Том Круз и ја напушти Скиентолошката црква и ја израсна сама. Мајката и ќерката беа снимени како шетаат по улиците на Њу Јорк со кучиња.

41-годишната актерка и нејзината 14-годишна наследничка секој ден одат на прошетка во паркот недалеку од нивниот дом во Њу Јорк со своите четириножни миленици. Овој пат папараците ги препознаа и снимија, и покрај тоа што и двете ги покриваа повеќето од нивните лица со заштитни маски за лице

Suri Cruise, Katie Holmes

Кејти Холмс и Сури Круз ги кренаа своите кучиња, очигледно уморни од одење и трчање, во раце и ги носеа кон куќата, а 14-годишничката покрај кучето го носеше и неговиот темно плав кревет.

Патем, едно од нивните кучиња е посвоено, а многумина сè уште се сеќаваат на приказната од јули 2012 година кога Сури направи вистински скандал во продавница за миленичиња. Имено, Сури Круз сакала нејзината мајка да и купи кутре за кое ќе се грижи, а во изборот имало две кутриња од продавницата за да изберат, еден јоркширски териер и малтешки, за што Сури била воодушевена.

Suri Cruise, Katie Holmes

Но, Кејти Холмс тогаш донесе одлука дека нема да го купи миленичето и јаснои даде до  дознаење на својата ќерка, која ја напушти продавницата за миленичиња врескајќи и со солзи. Откако медиумите го објавија немилиот настан, луѓето кои се борат за правата на животните, за весникот изјавиле дека кучето треба да се посвои, а не да се купи.

Две години подоцна, тогаш на осумгодишната Сури, Кејти  и дозволи да посвои мало чивава кученце по име Honey.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi