Парис Хилтон ја брани Бритни Спирс: „Не е фер што таа нема контрола над својот живот“

11 септември, 2020
hilton

Богатата наследничка јавно ја поддржа својата пријателка

Богатата наследничка и ријалити sвезда Паирс Хилтон (39) сака да се дружи со добитничката на Греми наградата Бритни Спирс (39), а овој пат во едно шоу застана во нејзина одбрана и ја поддржа во нејзината желба да се ослободи од старателството кое нејзиниот татко Џејми Спирс го има над неа веќе 12 години.

Имено, Парис изјави дека повремено се гледа со Бритни, па откри неколку интересни детали.

– Ја видов ова лето. Отидовме на вечера. Ја видов во Малибу. Ја сакам многу и мислам дека ако сте возрасна личност, треба да го живеете животот како што сакате, без контрола – рече Парис во шоуто на Енди Коен во средата попладне.

– Мислам дека ја разбирам, бидејќи цел живот бев под голема контрола и знам како таа се чувствува, но не можам да замислам дека сè уште ми се случува дури и кога ќе пораснам – додаде Парис.

– Откако работев цел живот и станав икона низ целиот свет, мислам дека таа нема контрола над нејзиниот живот, што не е фер – додаде таа.

Кога водителката праша дали разговарала со Бритни на оваа тема, Парис одговори негативно.

– Бритни е толку слатка, невина и пријатна девојка. Зборувавме само за среќни времиња – музика, мода, забавни работи. Не сакам да ги спомнувам негативните работи што можат да ги направат моите пријатели да се чувствуваат непријатно, па затоа никогаш не разговарав со неа за тоа – заклучи Парис.

escort - Korsan taksi