Парк бил зафатен со пожар, а минувачите само гледале и се воодушевувале!

15 мај, 20200
пожар

Снимка од пожар во парк во Шпанија ја воодушевила публиката на социјалните мрежи бидејќи е забележана хипнотизирачка глетка каде оганот се шири и остава зад себе прекрасна зелена трева. Не е познато дали пожарот е намерно предизвикан и дали се повикани пожарникари.

На видеото се гледа оган кој се шири правилно и брзо низ паркот и го гори поленот од тополите кој го прекрил целиот парк. Паркот на почетокот изгледа како да е прекриен со пајажина, а откако оганот ќе помине низ паркот останува само зелена, прекрасна и свежа трева. Видеото е хипнотизирачко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *