ПАРОВИТЕ КОИ НЕ ЖИВЕАТ ЗАЕДНО МОЖЕ ДА ИМААТ СЕКС ВО ХОТЕЛИ НО НЕ И ВО СВОИТЕ СТАНОВИ: Ова се новите ПРАВИЛА против короната !

5 август, 2020
797473_guygirlarerestingbedkeepinglegsup-855747865_ls

Новите рестриктивни правила поврзани со пандемијата на коронавирус стапија на сила во и околу Манчестер. Едно од правилата диктира дека паровите кои не се во брак или не живеат заедно можат да имаат секс во хотел, камп или пансион, но никогаш дома.

Новите правила, кои стапија во сила вчера, практично забрануваат 4,5 милиони луѓе што живеат во регионот да се посетуваат едни со други.

Збунувачките нови правила беа проследени со неверување.

Хари Прајс (32), работник во Службата за корисници во Алтринхам, Манчестер, рече: Ова е дури и повеќе од лудило. Не ми е дозвнаидам на десетици странци. Ќе биде добра зделка за хотелите, но целосно збунувачки. Може да одам во паб, но не можам да одам во куќата на еден пријател. Овие правила немаат смисла, не знам како тие очекуваат од нас да ги следиме, праша Прајс, исто како и многу други сограѓани и сопатници.