Патинсон се врати на снимањето на новиот „Бетмен“, со поинаква фризура и шминка едвај се препознава

13 октомври, 2020
Screenshot_1

Новиот филм за Бетмен треба да го види светлото на денот во 2022 година, а Роберт Патинсон се врати на снимање откако го прележа корона вирусот.

Актерот Роберт Патинсон се врати на снимањето на новото продолжение на серијата за Бетмен, откако го прележа коронавирусот. 34-годишниот актер беше фатен од фотографите додека снимаше сцена со погреб во Ливерпул, а поради неговата фризура и одело, некои едвај го препознаа.

Патинсон во филмот „Бетмен“ ја игра главната улога на суперхеројот од Готам Сити, а поради коронавирусот беше во изолација неколку недели. Американската компанија Ворнер Брос потврди дека снимањето престанало поради болеста на главниот актер, но оваа недела продолжија со сè.

Снимањето веќе беше запрено порано, а требаше да започне во март годинава. Поради пандемијата на коронавирусот, сè е паузирано, а новиот филм за Бетмен треба да го види светлото на денот во 2022 година.

Зои Кравиц глуми заедно со Патинсон и ќе ја отелотворува Жената мачка. На снимањето во Ливерпул, таа привлече внимание со својата комбинација на облека. Снимањето на нов филм за Бетмен го привлекува интересот на локалното население со секоја нова сцена, а според некои извештаи, во филмот е инвестиран буџет од над 100 милиони долари.