Пејачката Ава Макс во фустан на Златко Јовановски на насловната на светски магазин

18 октомври, 2020
Screenshot_3

Познатата пејачка ава Макс позираше со фустан на македонскиот дизајнер Златко Јовановски на насловната страна на магазинот Her World Magazine.

„Среќен сум што пејачката ава Макс носеше моја креација на насловната страна на Her World Magazine. Ме контактираа преку форумот во кој сум зачленет таму. Искрено не се надевав премногу на вакво нешто, а уште помалку помислив дека токму во моја креација ќе биде насловната. Само ќе кажам, верувајте во себе и се е можно“, ни кажа Златко.

Ова не е првпат креациите на Јовановски да бидат забележани на светската сцена.

На крајот на 2018 година, неговите креации беа избрани за снимање на краткометражен моден филм, направен од стилистите на популарниот пејач Тајга, познат и како поранешен дечко на Кајли Џенер.