Пејачката после разводот цели високо: Емина повторно “смува” милионер!

14 јуни, 20200
emina-jahovic-andreja-damjanovic

Емина Јаховиќ ја раскина врската со турскиот бизнисмен Садетин Саран, пред самиот крај на претходната година, а сигурно ни самата не претпоставуваше дека новото момче, Салих Чечен, ќе го запознае во истата теретана, кадешто се роди љубовта меѓу неа и претходниот партнер.

Како што пренесуваат турските медиуми, пејачката веќе неколку месеци ја крие новата врска од јавноста.

Освен што и двајцата се занимаваат со инвестиции и се сопственици на огромни компании, тие “тежат” отприлика иста бројка на милиони, но и двајцата редовно посетуваат теретана.

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, нејзиниот поранешен сопруг, беа во брак 10 години, а по разводот успеаа да задржат пријателски однос.

Иако, веста дека за помалку од една година успеала да “смува” два милионера, со коишто дружењето го започнала во теретана, е главна тема во турските медиуми периодов, пејачката сепак сè уште не се огласила во врска со нејзината нова љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *